ВИДЕО: Лице во бел блузон пука кон Раде Штекли и неговиот пријател и бега со трчање

Од:

До редакцијата на А1он пристигна видеото во кое се гледа како било пукано кон Раде Штекли и неговиот пријател. Како што веќе објавивме, двајцата биле во фитнес центарот во Ист Гејт, а кон нив било пукано на заминување, во подземните простории во трговскиот центар.

Лицето е облечено во бел блузон, со црна капа и кога Штекли и неговиот пријател се симнуваат по ескалаторот кон паркингот, трча и пука во нив, а потоа веднаш бега од местото.

Според информациите на А1он, потешко е повреден пријателот на Раде, кој има прострелна рана во стомакот, додека тој е со полесна повреда.

Би можело да ве интересира

МВР: Пронајдено е детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

(ВИДЕО) МВР: Претрес во дом кај двајца полициски службеници, пронајдено е оружје

Полицаец оставил куче затворено во кола час и половина, умрело: Поднесена му е кривична за убивање и мачење животни

Катерина Ѓуровски

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Горан Наумовски

Отворена оперативна акција „Пожар 2024“: Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со пожарите

Кривична пријава за 36-годишник за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново