ВИДЕО: Ослободени две Израелки, Хамас објави снимка

Од:

Две израелски жени приведени и држени како заложници од страна на милитантното палестинско движење Хамас се ослободени од Појасот Газа, потврдија од кабинетот на израелскиот премиер и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас соопшти дека ослободило две киднапирани жени.

Две постари Израелки кои беа ослободени од палестинската исламистичка група Хамас и се предадени на израелската армија и се на пат кон медицинска установа во Израел, се наведува во соопштението на кабинетот на израелскиот премиер.

Во соопштението двете жени се идентификувани како Нурит Купер (79) и Јошевед Лифшиц (85) и дека тие биле киднапирани заедно со нивните сопрузи од Кибуц Нир Оз, во близина на границата со Газа. Нивните сопрузи се уште ги држи Хамас, објави Ројтерс.

„Го олеснивме ослободувањето на уште двајца заложници, транспортирајќи ги од Газа вечерва“, рече портпаролот на МКЦК Крис Хангер, пренесе Дпа.

„Нашата улога како неутрален посредник ја овозможува оваа работа и сме подготвени да го олесниме секое идно ослободување“, рече тој.

Најмалку 222 заложници беа земени кога вооружени лица од исламистичката група, која ја контролира Газа, извршија терористички напад врз израелските заедници на 7 октомври.

Две американски државјанки кои Хамас ги држеше како заложници беа ослободени во петокот.

Претходно локалните медиуми објавија за можното неизбежно ослободување на 50 заложници од Газа.

Израелската влада им се заблагодари на Египет и на Меѓународниот Црвен крст за нивниот придонес во ослободувањето на двете Израелки, на возраст од 79 и 85 години, кои беа заложници на Хамас.

„Му благодариме на Египет за помошта и на Црвениот крст за нивната важна улога во спасувањето животи“, се вели во објавата на канцеларијата на Нетанјаху на платформата за социјалните медиуми X, порано Твитер.

Канцеларијата соопшти дека војската, исто така, била „многу активна во последните денови, на сите канали“, за да обезбеди ослободување на заложниците.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) соопшти дека презел две жени од палестинска територија. Тие влегле во Египет преку граничниот премин Рафа.

Ќерката на Јохведа Лифшиц, Шерон Лифшиц даде изјава за Гардијан.

„Можам да потврдам дека мајка ми Јочи Лифшиц беше една од двајцата заложници кои вечерва ги ослободи Црвениот крст, тие пред кратко време беа предадени на Црвениот крст на преминот Рафа, од каде наскоро ќе бидат префрлени во Израел. Семејствата се информирани.

Иако не можам со зборови да го изразам олеснувањето дека таа сега е безбедна, ќе останам фокусирана на ослободувањето на татко ми и на сите оние, околу 200 невини луѓе, кои останаа заложници во Газа“, рече таа.

Одед Лифшиц, сопругот на Јохведа и татко на Шароне, е ветеран израелски новинар и мировен активист кој беше заробен од Хамас со неговата сопруга.

Вооруженото крило ослободи две Американки во петокот, речиси две недели откако вооружени лица на Хамас ги киднапираа и десетици други во близина на Газа. Во петокот Хамас ги ослободи Американците Натали и Џудит Раанан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел силно го напаѓа Бејрут „Ова е најтешко досега“

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ