Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Од:

Иако Јавното обвинителство води истраги за имотот на фабриката Треска во Општина Центар, поради што Антикорупциската комисија се изјасни дека на просторот на Треска не смее да има градежни активности додека траат двете истраги – просторот на бившата фабрика забрзано се расчистува за градење, а веќе е издадено и одобрение за еден од објектите и се работи на ископот велат од Левица.

– Да потсетиме дека гигантот за производство на мебел “Треска”, во кој работеа преку 600 работници, отиде во стечај 1994 година, оставајќи ги работниците без 24 исплатени плати и 18 месеци придонеси! Сега, кога се започна со градба на можеби најатрактивната локација во Општина Центар, потсетуваме на каков криминален начин овој имот на фирма во државна сопственост премине во рацете на градежните тајкуни. Имено, стечајниот управител, иако имал должност да ги впише објектите на ,,Треска” за истите да влезат во стечајната маса, со што би можеле да ги обештетат и работниците, не го сторил тоа. Со денационализацијата, имотот преминува во рацете на семејството Виќентијевиќ. Бидејќи објектите на Треска не се легализирани, истите сега си ги легализираат новите сопственици. Со ова, овој имот при рушење се признава во поврат на комуналии, со што се оштетува и буџетот на Општина Центар и Град Скопје за милионски суми. Градоначалникот Герасимовски, иако има овластување и позитивни процедури – не иницира носење нов Детално урбанистички план, иако ДУП-от по кој сега се расчистува теренот – е веќе истечен, и тоа двапати (датира од 2012, а ДУП треба да се носи на секои 5 години), се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

А1он

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат