Стоилковски ги објави цените од владиниот ресторан: Замрзнати цени за министрите

Од:

Народот се турка за корка леб, а Ковачевски, Груби, Бујар, Спасовски, Стани Цаци, си сркаат пилешка чорба за 60 денари, вртат на вилушка омлет со свинско за 65 денари. Може и сланина на скара за 110 или вешалица од свинско каре за 135 денари вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во објава на социјалните мрежи на која има слика од менито во во владиното бифе.

Стоилковски потенцира дека се работи за меди со цени објавени на 12 октомври 2023 година.

– Некој нека најде копан со ориз за 100 денари, грав со сланина за 150 денари, тост со свински врат 75 денари на друго место освен во влада за министрите. Или Битиќи, оној што убедуваше за “перки од ајкула” па поскапе се’, може да се заблажи со тулумба или штрудла со тиква за по 30 денари. Не верувам дека некаде се јаде по овие цени, во болница или во студентски дом. Со овие цени, доручек, ручек и вечера за функционери доаѓа околу 250 денари. Чорба за доручек, готвено за ручек, тост за вечера, вели во објавата Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври