Брачниот пар од Македонија е на 12 километри од преминот со Египет, чека евакуација

Од:

Двете Амбасади на Република Северна Македонија, во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах информираат од Министерството за надворешни работи.

– Парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно. Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат. Остануваме во секојдневна комуникација со нив, се до нивно евакуација на безбедно, се вели во соопштението од МНР.

Од МНР велат и дека собираат податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа иапелираат да се контактира на СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542.

Би можело да ве интересира

Водителка од Египет осудена на смрт со бесење

A1on

Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Напад во Египет: Дрон удри во американски танкер за гас во пристаништето Дамиета

Горан Наумовски

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

ВИДЕО: Палестинците во пеколот на шаторските населби во Газа