Израелските одбранбени сили соопштија дека подготвуваат целосна офанзива против Хамас по копно, воздух и море, што предизвика наредба да се евакуираат 1,1 милион луѓе од северниот дел на Газа на југ.
God has sent heavy rain onto Gaza & surrounding regions. This act has delayed the assault on civilians in Gaza & civilians get a refresh of water since Israel shut off all water.
God Is Great! 🙏 #GazaGenocide#Gazagenocide pic.twitter.com/KVZNv0Ubrh
— okoye Francis Chinwike (@OkoyeOfc) October 15, 2023
Рокот за евакуација истече вчера во 16 часот, но воениот портпарол, полковник Питер Лернер изјави дека рокот ќе се продолжи уште еднаш поради преголемиот број луѓе кои треба да ги напуштат своите домови.
Сепак, според последните извештаи на светските медиуми, копнената офанзива е одложена поради лошите временски услови.
LATEST: Thousands of Israel soldiers deployed at Gaza border for ground operation#Israel #Gaza #IsraelPalestineConflict #غزة_تُباد #طوفان_الاقصى_ #Hamas #INDvsPAK #Gazagenocide #IsraelTerrorists #فلسطين #Hamas #Isarael #غزة_الآن #GazzeUnderAttack pic.twitter.com/GLQjEYFjc1
— Hareem Shah (@_Hareem_Shah) October 15, 2023
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас разговараа одвоено со американскиот претседател Џозеф Бајден. Нетанјаху му рекол на својот американски колега дека се потребни единство и одлучност за да се постигнат борбените цели на Израел против Хамас, додека Абас му рекол на американскиот претседател дека целосно го отфрла раселувањето на Палестинците од Газа додека Израел возвраќа со воена акција.