Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги информираше конгресмените дека американската влада ја следи можноста Азербејџан наскоро да ја нападне Ерменија.

Ова го изјавиле два добро упатени неименувани извори, пренесува Политико.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев претходно ја повика Ерменија да отвори „коридор“ долж нејзината јужна граница, со што ќе го поврзе копното на Азербејџан со ексклавата што се граничи со Турција и Иран и се закани дека ќе го реши проблемот „со сила“.

Во телефонскиот разговор на 3 октомври, конгресмените го притиснаа Блинкен за можна акција против Алиев како одговор на инвазијата на Азербејџан во регионот Нагорно-Карабах во септември, велат изворите, објави Политико.

Блинкен одговори дека Стејт департментот бара начини да го повика Азербејџан на одговорност и дека САД не планираат да го обноват договорот што дозволува испраќање воена помош во Баку.

Блинкен рече дека постои можност Азербејџан да ја нападне јужна Ерменија во наредните недели.

Сепак, Блинкен изрази уверување дека тековните дипломатски разговори меѓу Ерменија и Азербејџан ќе дадат резултати, велат изворите.

Блинкен разговараше со демократските конгресмени, вклучувајќи ги Ненси Пелоси и Ана Еше од Калифорнија и Френк Палоне од Њу Џерси.

По нападот на Азербејџан врз регионот Нагорно-Карабах минатиот месец, повеќе од 100.000 етнички Ерменци го напуштија регионот.

Локалните лидери се согласија да ја распуштат својата тридецениска непризнаена држава, а азербејџанските сили оттогаш уапсија десетици поранешни водачи.

Нагорно-Карабах не е единствениот територијален спор меѓу Азербејџан и Ерменија, а Баку предложи да се воспостави пат до ексклавата Нахичеван што ќе го пресече јужниот ерменски регион Сјуник и ќе овозможи патниот сообраќај да го заобиколи Иран.

Алиев рече дека Азербејџан ќе го воспостави коридорот Зангезур, „сакала или не Ерменија“.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска

Ново пукање на границата на Ерменија и Азербејџан, најмалку тројца војници се ранети

Ана Ололовска