Полицајците биле целосно изненадени кога ја виделе снимката.
Отпрвин мислеа дека е шега. Имено, на фотографијата направена од камерата е прикажана шкода „возена“ од куче.
Судејќи по фотографијата, кучето ја контролирало ситуацијата и лежерно се движело по јавниот пат 10 км/ч над дозволената граница.
Мистеријата била решена неколку минути подоцна откако полициска патрола го запрела возилото.
31-годишниот возач на Шкодата објасни дека фотографијата е направена кога кучето ненадејно му скокнало во скутот. Полицијата не го прифатила образложението и решила да го казни возачот, а не се знае дали е казнет само за пребрзо возење или за неправилно транспортирање на домашно милениче.
Иако оваа приказна можеби на прв поглед изгледа забавувна, всушност станува збор за многу сериозна ситуација која можела да заврши трагично доколку возачот поради реакцијата на своето куче ја изгубил контролата над автомобилот и предизвикал сообраќајна несреќа.