Германски овчар во Загреб каснал девојка и убил помало куче

Од:

Вчера во Дубрава, Загреб, германски овчар се оддалечил од дворот на 72-годишниот сопственик и по земјениот пат дошол до оградениот двор од семејната куќа со отворена врата и влегол внатре.

Таму нападнал куче шин-цу сопственост на 26-годишна девојка, кое во тој момент го шетала на поводник нејзината седумгодишна ќерка. Во тој момент 26-годишната девојка се обидела да ги раздвои кучињата, а германскиот овчар ја каснал за рацете.

Таа завршила во Клиничката болница Дубрава каде и била укажана лекарска помош. Евидентирани се полесни физички повреди. На малото куче му била укажана ветеринарна помош на Факултетот за ветеринарна медицина, но од повредите при укажаната помош починало.

Вработен во Прифатилиштето за запуштени животни на Град Загреб го презеле германскиот овчар на понатамошно набљудување. На местото на настанот е извршена увид. Полициската управа во Загреб потврди дека кривичната истрага е во тек.

Би можело да ве интересира

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Два земјотреси го погодија Загреб: Имаше татнеж, па креветот многу се тресеше

Во Загреб: Се активираше свлечиште на влезот во претседателската палата, стигна реакција од кабинетот на Милановиќ