Еден од најдобрите eFootball играчи во Европа, Марко Рокшиќ од Србија, одлучи да се повлече од турнирот кој можеше да го однесе на финалната конкуренција во Ријад.
Причина е фактот што тој беше сместен во групата заедно со репрезентативецот на Косово, а не сакаше да игра против него.
„По долго размислување решив да не играм. Никој досега не одиграл ваков натпревар, па не би сакал да бидам првиот. Останав без директен пласман во Ријад, што е тука е. Би кажал секакви работи, но подобро е да молчам“, напиша Рокшиќ на социјалните мрежи, а потоа го истакна следново:
„После две години во кои учествував на сите натпреварувања во Европа, сега решив да се повлечам. Ме ставија во иста група со Косово, кое е дел од Србија и секогаш ќе биде“, изјави Рокшиќ.
After 2 years where I was always part of any competitions in Europe, yesterday I failed..
In competitions by organising @esportsineurope they put me in same group with Kosovo..
Kosovo is part of serbia and will be always.. 1st day of competitions I was perfect 5 0 0.. pic.twitter.com/VR7ToUv7cz— Marko Roksic (@Roksic22) October 2, 2023
Инаку, Рокшиќ на првиот натпреварувачки ден забележа пет победи од пет натпревари, но пред пресметката со конкурентот од Косово реши да се повлече.