Орбан: Вооружени мигранти нападнаа заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека насилството меѓу мигрантите е во пораст и дека заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија била нападната со автоматско оружје.

Орбан на социјалната мрежа „Х“ нагласи дека е време сите да се соочат со вистината дека Бриселскиот договор за ова прашање пропадна.

„Насилството меѓу мигрантите е во пораст. Пред три ноќи беше нападната заедничката гранична патрола на Унгарија и Србија, пукаа од автоматско оружје. Со ова мигрантите го преминаа Рубикон. Време е да се соочиме со фактите: Бриселскиот пакт за миграција пропадна“ напиша Орбан.

Би можело да ве интересира

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски

На Крит уапсени 76 мигранти од Африка и Азија