Ирски турист ја скрши скулптурата во Брисел само еден ден по нејзиното повторно отворање за јавноста.
Ирскиот турист е снимен како се качува на скулптура пред значајната зграда во Брисел и како крши дел од неа – само еден ден откако повторно беше отворена за јавноста. Мажот подоцна беше уапсен, а управата на зградата го повика да ги покрие трошоците за поправки.
Статуата е дел од зградата на Бриселската берза, на која се претставени лав и човек како држат факел, кој благодарение на туристот беше откинат. Статуата неодамна беше откриена по реновирањето кое чинеше 17.600 евра, објави белгискиот весник Het Newsblad.