Познати детали за крадецот кој ја украде статуата на Брус Ли во Мостар: По него трагал и Интерпол

Од:

Настанот со кражбата на бистата на Брус Ли веќе една недела е тема на интерес во Босна и Херцеговина, а сега откако е пронајдена, јавноста сака да дознае што повеќе за сторителот.

Имено, уапсен е 46-годишен маж кој покрај ова дело, во своето досие има и други криминални дела како дилање дрога и разни разбојништва. Во еден од случаите бил затекнат со 120 грама хероин.

По него трагале и Интерпол и хрватските истражни органи. Претходно бил осудуван за разбојништво, а неколкупати е приведуван поради дрогата.

Постојат сознанија дека имал и соучесник и дека ја откорнале статуата, а ја превезувале со помош на градежна количка. Мотивот за делото веројатно било продавање на бистата на откупувачите на стар и секундарен метал.

Би можело да ве интересира

Пронајдена исчезнатата статуа на Брус Ли во Мостар

А1он

Украден споменикот на Брус Ли во Мостар: Едноставно исчезнал преку ноќ

А1он

ВИДЕО: Се качи на познатата скулптура и ја скрши, туристот веднаш беше уапсен

Предраг Петровиќ

Со кран се обиделе да украдат статуата на Рамзес Втори

Статуата на Брус Ли во БиХ осамна со маска и ракавици

Ана Ололовска