Тела се појавија на брегот на источна Либија во средата, зголемувајќи го официјалниот биланс на жртви од невремето што зафати цели села во морето и остави илјадници мртви, а уште илјадници се водат како исчезнати.
#BREAKING 🚨 Libya faces devastating floods. Heartfelt condolences to all affected. 🇱🇾💔 #LibyaFloods #Support 🙏🌊🚨 #Libya #floods #LibyaFlood pic.twitter.com/wTI8iUrvY6
— Bablyon Bulletin (@BabylonBulletin) September 13, 2023
Поројот, предизвикан од силното невреме во неделата, кое ги проби браните, уништи околу четвртина од медитеранскиот град Дерна. Меѓународната организација за миграција објави дека најмалку 30.000 луѓе се раселени во Дерна.
Водата однесе цели згради во кои спиеја семејства.
– Морето постојано исфрла десетици тела. Досега изброивме повеќе од 5.300 загинати, а тој број веројатно значително ќе се зголеми, а можеби и двојно, бидејќи бројот на исчезнати лица е исто така неколку илјади – изјави Хихем Абу Чкиуат, министер за цивилно воздухопловство во Владата што управува со истокот на земјата, изјави за Ројтерс.
Иако официјално се вели дека во разорните поплави исчезнале 10.000 луѓе, според новата, црна проценка, која ја презентираше директорот на Медицинскиот центар, Абдул Рахим Мазик, можно е во поплавите да загинале и до 20.000 луѓе.