ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

Од:

Во неколку области во шпанските провинции Валенсија и Кастелон е прогласен портокалов метео аларм, откако во разорните поплави загинаа 205 лица.

Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите во Шпанија. Бројот на загинати достигна 205, во Валенсија и околните населени места – 202 лица, а само во Паипорта, предградие на Валенсија, загинаа најмалку 40 лица. Три лица загинаа во Кастиља Ла Манча и Андалузија.

Надлежните апелираа до граѓаните да не излегуваат од домовите доколку тоа не е потребно.

Во потрагата по исчезнатите од денеска се приклучуваат уште 500 војници.

Претседателот на регионот Валенсија, Карлос Мазон, напиша на платформата X дека воената единица за итни случаи ќе биде вклучена во обезбедувањето помош.

Министерството за одбрана на Шпанија извести дека до средата навечер само војници извлекле 22 тела и спасиле 110 лица од поплавените подрачја.

Шпанската полиција соопшти дека 39 лица се уапсени како дел од операцијата за спречување на криминалот започната во трговските области погодени од поплавите. Пронајдена е поголема количина на украдена стока“, соопшти полицијата.

Новинската агенција Европа Прес објави дека регионалното Министерство за земјоделство „итно договорило“ отстранување на угинати животни од фармите, како и поправка на патиштата што водат до добитокот.

Во извештајот се наведува дека областа погодена од поплавите се соочува со голема загуба за фармерите и сериозен јавно здравствен проблем и дека животните ќе бидат отстранети бесплатно.

Како што објави Pais, снабдувањето со електрична енергија е обновено за 75 отсто од ранливите корисници во Валенсија.

Повеќе од 150 патишта се уште не се подготвени за сообраќај. Многумина останаа непроодни поради големото количество вода, заглавени возила и кал.

Би можело да ве интересира

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

ВИДЕО: Објавена снимка од разговор пред трагедијата, нереди во Мадрид

Шпанскиот контролен центар имаше 17 минути да го спречи судирот – никој не реагираше

А1он

Железничка несреќа во Шпанија: Најмалку 64 загинати, околу 80 се повредени

(ВИДЕО) Откриена e причината за трагедијата во Шпанија

(ВИДЕО) Медиуми: Најмалку 50 загинати во железничката несреќа во Шпанија

Горан Наумовски