Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

Од:

Шпанските власти идентификуваа 56 од 69 загинати во судирот на брзите возови кај Урда. Идентитетот на преостанатите 13 жртви, сите странски државјани, сè уште се утврдува.

Центарот за интеграција на податоци (ЦИД), телото задолжено за идентификација на жртвите според шпанскиот протокол за несреќи со голем број настрадани, соопшти дека меѓу идентификуваните има 54 шпански државјани и двајца странци – едно лице од Франција и едно од Португалија.

Вкупниот број загинати и натаму изнесува 69, со напомена дека станува збор за привремен биланс.

Од 56 идентификувани жртви, 52 се препознаени врз основа на отпечатоци од прсти во криминалистичката служба на Цивилната гарда, додека четири се идентификувани со ДНК-анализа. За преостанатите 13 жртви, како што наведува ЦИД, неопходна е меѓународна соработка, а се очекува наскоро идентификацијата да биде завршена.

Поради тоа, сè уште се активни 13 пријави за исчезнати лица, а сите се однесуваат на странски државјани.

До саботата навечер, 51 семејство било известено за смртта на свој близок. Меѓу загинатите има 33 мажи и 18 жени. Од ЦИД објаснија дека Цивилната гарда ги известува семејствата исклучиво лично, а податоците дури потоа се внесуваат во официјалната статистика. Телата на 36 жртви веќе им се предадени на семејствата.

Истата институција во четвртокот предупреди дека семејствата на исчезнатите добиваат лажни СМС-пораки, наводно испратени во име на Цивилната гарда, со информации за идентификацијата на нивните најблиски. ЦИД тогаш порача дека резултатите од идентификацијата никогаш не се соопштуваат телефонски или преку пораки и ги повика семејствата да не веруваат во таквите известувања.

На обдукциите и идентификацијата работат повеќе од 60 стручни лица, судски лекари, техничари и припадници на Цивилната гарда, во институтите за судска медицина во Толедо и Сиудад Реал. Работата се одвива непрекинато од средата, кога се случи несреќата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од разговор пред трагедијата, нереди во Мадрид

Шпанскиот контролен центар имаше 17 минути да го спречи судирот – никој не реагираше

А1он

Железничка несреќа во Шпанија: Најмалку 64 загинати, околу 80 се повредени

(ВИДЕО) Откриена e причината за трагедијата во Шпанија

(ВИДЕО) Медиуми: Најмалку 50 загинати во железничката несреќа во Шпанија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голема железничка несреќа во Шпанија, загинаа десет лица

Горан Наумовски