ДУИ знаела дека прима преголеми донации, но парите не ги вратила веднаш, утврди Антикорупциска

Од:

ДУИ го прекршила Законот за финансирање на политичките партии затоа што во 2022 година примила донации поголеми од законски дозволените суми, а вишокот го вратила во јули годинава наместо најдоцна 15 дена по приметот на донацијата, утврди Антикорупциска комисија.

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Шемши Салаи објасни дека врз основа на извештаите на ревизорите е утврдено дека физичко лице на ДУИ ѝ донирало повеќе од законски дозволените средства,

– Партијата одлучила да ги врати тие средства откако констатирала дека примила донација поголема од што требало согласно Законот. Во одлуката стои дека освен физичкото лице, тие констатирале дека и од два правни субјекта добиле поголем износ и одлучиле тие средства да ги вратат во текот на јули 2023 година, но тоа не го сториле во законски предвидениот рок од 15 дена по приемот. Затоа, ние констатиравме прекршување на членот 16 од Законот за финансирање на политичките партии – рече Салаи по денешната седница.

Членот 16 од Законот за финансирање на политичките партии предвидува „вкупниот износ на поединечната донација не смее да ја надмине сумата од 60 просечни нето плати од правни лица и 30 просечни нето плати од физички лица во Републиката, исплатени во претходниот месец“.

Антикорупциска комисија ќе го проследи предметот до Министерството за правда и до Државниот завод за ревизија, која доколку утврди неправилности, ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка или пријава до надлежното Јавно обвинителство .
Предметот го покрена ДКСК откако во јавноста се објавија донациите за ДУИ од „Еуровиа“ , фирма која МНР на Бујар Османи ја избра да го адаптира Спортски центар „Борис Трајковски„ за конференцијата на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта