Пресуда за филмското бегство од Идризово – Три години затвор за командирот, затворски казни и за полицајците

Од:

Командирот Срѓан Димитријевски и тројцата полицајци од „Идризово“ признаа дека учествувале во филмското бегство на Беким Мемети, осуден на над 20 години затвор.

Донесена е пресудата, според која највисоката казна е три години, а најниската е условна осуда.

Командирот Димитријевски е осуден на три години затвор.

Затворскиот полицаец Трајче Ацковски доби три години.

И.А. кој исто така учествувал во планот за бегство –  казна затвор од 1 година и шест месеци.

Последниот е вработениот во „Идризово“, Т.П. кој е условно осуден и казната нема да се реализира доколку во следните 3 години не стори ново кривично дело.

Обвинителството и одбраната можат да ја обжалат пресудата на Апелација.

Во јануари Беким Мемети откако се самоповредил се барало да го носат во болница. Но наместо да се повика брза помош, Командирот Срѓан Димитриjевски му наредил на заменикот да изготви документ да се спроведе со полициско комбе, и одредил кои точно полицајци да го спроведат, што за судот беше доволно да заклучи дека организираното бегство било помогнато од командирот и дел од полицајците..

Рутата по која ќе се движи возилото за спровод ја одредил еден од полицајците во комбето. Кога се доближиле до бензинската пумпа на автопатот, Беким Мемети, го одзел пиштолот на едниот од полицајците и испукал при што го ранил возачот полицаец.  Излегол од комбето и се качил во „аудито“ кое го чекало пред полициското возило.

Беким Мемети е лице од висок безбедносен ризик. Во 2008-ма во декември полицијата го уапсила тогаш на 21-годишна возраст. Бил бегалец од затвор иако требало да отслужи затворска казна од вкупно 5 и пол години затвор за разбојништво и за недозволено држење на оружје. Бил пренесен во тетовскиот затвор од каде по осум дена побегнал.

По вторпат Мемети бега во септември 2016-та кога во Мала Речица вади пиштол и убива едно лице при расправија на две групи.

Во 2020-тата година, бегството му завршува со апсење во Берлин во Германија од каде е екстрадиран во Македонија. Бил осуден на 20 години затвор во отсуство за убиството.

Во повтореното судење за убиството, Мемети е осуден на 19 години затвор, но повторно бега со филмско бегство од затворско комбе на пат кон болница.

Би можело да ве интересира

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Во „Идризово“ бил претепан и силуван 40-годишен осуденик

Во центарот на Скопје уапсен бегалец од „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ му се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Горан Наумовски