Трајко Вељаноски: Рокот за гласање на уставните измени истекува денеска

Од:

Предлагачот на иницијативата кон измена на Уставот, во овој случај Владата, воопшто не требаше да си дозволи да покрене ваква постапка без предходно обезбедено 2/3 мнозинство.Во досегашната пракса на Собранието на Република Македонија никогаш не се случило да се покрене постапка за измена на Уставот без претходно обезбедена политичка согласност од најмалку 2/3 од пратениците. Единствен исклучок е оваа постапка и насилната постапка за измена на Уставот по Преспанскиот договор вели во обраќање до јавноста поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

– Согласно член 196 став 1 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија претресот за измена на Устав трае 10 работни денови и по завршување на претресот се пристапува кон гласање. Денес, на 1 септември завршуваат десетте работни денови откако беше отворена постапката и завршена расправата за измена на Уставот на собраниската седница број 123, закажана и одржана на 18 август. Гласањето мора да се случи најдоцна денес. Секое спротивно постапување не е во согласност со Деловникот. Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија не дозволува неизвесност со постапката од толку високо значење. Во согласност со Уставот на Република Македонија односно неговиот член 67 и во согласност со Деловникот за работа на Собранието, односно неговите член 6 и член 60, Претседателот на Собранието единствено го претставува Собранието и се грижи за примената на Деловникот и за остварување на правата на сите пратеници подеднакво, вели поранешниот собраниски спикер.

Додава дека политичките одлуки ги носи Собранието, а не Претседателот на Собранието.

– За излез од оваа ситуација потребно е согласно член 67 став 2 од Деловникот за работа на Собранието минимум 20 пратеници да бараат продолжување на 123 седница а Претседателот на Собранието согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание да постапи и свика ad hoc кординација на која би се договорил датумот на продолжување на 123 седница на Собранието, кога ќе треба да се гласаат уставните измени Доколку Претседателот на Собранието на Република Македонија и покрај барањето на минимум 20 пратеници не закаже продолжение на седницата ја презема на себе целата одговорност, прави лоша практика. се става над сите пратеници и конечно го изместува целосно политичкиот систем на институционалната поставеност на уставното уредување на Република Македонија, се вели во обраќањето на Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Вељаноски: Пендаровски и власта треба да знаат дека последен пат на Прохор Пчински македонска делегација била во 2009 година

Драги Рашковски и Трајко Вељаноски излегуваат од куќен притвор

Кристијан Ландов

Трајко Вељаноски: Прекршени процедурите на конститутивната седница, некого за иста ситуација го прогласуваат за терорист

Жарко Настоски

На Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски им се суди за организација на „крвавиот четврток“

Мери Јордановска

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ немала одлука насилно да се влезе во Собрание и да се тепаат пратеници

Кристијан Ландов

Тројца судии ќе го оценуваат обвинението за Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски

Васко Маглешов