Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во својот десетти настап за Интер Мајами за прв пат во својот нов клуб остана без гол или асистенција, а навивачите можеа да ја видат и новата функција на неговиот телохранител Јасин на натпреварот против Нешвил.
Имено, тој во неколку наврати им помогна на Мајами и Меси во обидот за гол додавајќи им ја топката која излегуваше во аут, односно корнер.
Телохранител може да го направи тоа затоа што и онака постојано се движи по теренот, практично како друг линиски судија.
Поранешниот маринец, експерт за боречки вештини, боксер и мајстор на таеквондо нормално го следи Меси во Мајами.
Leo Messi playing ball with the bodyguard! Bet they’ve been training together 😏 pic.twitter.com/qnSJyAbWK9
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) August 31, 2023
Тој е со него на теренот веднаш штом заврши натпреварот, за да не го опседнуваат многубројните навивачи, но и за време на натпреварите во Мајами кога оди веднаш покрај теренот во насока во која Меси се движи на теренот.
Leo Messi’s bodyguard Yassin ensuring the game starts quickly pic.twitter.com/n1GZ5EybJe
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) August 31, 2023
Аргентинецот започна спектакуларно во клубот на Дејвид Бекам, откако во првите девет натпревари постигна дури 11 и намести три гола.
Единствениот натпревар досега на кој не постигна гол во регуларниот дел беше полуфиналето на УС Опен купот против Синсинати (2:2), но и тогаш имаше одлични асистенции за двата гола.