Левица: Наместо да го екстрадира, Косово го ослободува Алил Демири за убиството на Смилковско Езеро

Од:

Деновиве беше објавено дека судот во Приштина наместо да го екстрадира Алил Демири, одлучил да го пушти на слобода – кој еден од осудените на доживотна казна затвор за громорозното петкратно убиство кај Смилковското езеро!

Оваа одлука на косовскиот суд е спротивна на меѓународното право, бидејќи Министерството за правда, според нашите информации, нема добиено никаков одговор за барањето за екстрадицијата на Демири, поднесена уште во 2018. Според тоа, екстрадицијата сѐ уште активна, а косовскиот суд, по секоја основа мораше да го екстрадира во Македонија! Со ова, Косово ги прекрши Договорите за Екстрадација и Трансфер на осудени лица со Република Македонија потпишани во 2011 година.

Ова не е изолиран потег на крајно непочитување и флагрантно провоцирање на Македонија, како и нарушување на македонскиот суверенитет од страна на косовските власти! Само пред неколку недели, на непоканетата посета на косовскиот премиер Албин Курти во Чаир и Тетово, се вееа знамиња на голема Албанија и комплетно се игнорираа државните инсигнии на Македонија, со што директно се наштетува на унитарноста и угледот на Републиката.

Левица изразува силна осуда, како до косовските власти за грубото прекршување на меѓународното право, билатералните договори и нарушувањето на суверенитетот на Македонија во последните неколку случувања, така и до домашната квислиншка власт, која дозволува сето ова да помине без никаква осуда или соодветна реакција.

Последните настани, како и бројни инциденти претходно, само ја потврдуваат великоалбанската политика, која повеќе не е израз само на маргинализирани групи, туку на официјални државни политики, како кај министрите етнички Албанци во Македонија, така и од другата страна од границата, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови