Уапсен Демири во Косово – обвинет за убиството кај Смилковско

Од:

Уапсен Алил Демири во Косово. Според информациите на А1он 38 годишниот Демири бил уапсен во соработка со македонската полиција.

А1он доби потврда и од македонското МВР.

„Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро.“ велат од МВР за а1он.

Демири, Македонија го бара во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро. По масакрот во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и досега Косово постојано одбиваше да ги екстрадитира во Македонија.

Како што дознава А1он Демири ќе биде изведен пред надлежен судија.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он