Таравари: Во ВМРО-ДПМНЕ има и спортивно мислење од она што се кажува на прес конференции за уставните измени

Од:

Ако не се случат уставните промени, ќе се отворат многу проблеми коишто можеби ќе отворат нови прашања кои политичките партии ги немаат кажано, смета Арбен Таравари лидер на Алијанса за Албанците.

На новинарско прашање во Гостивар на настан за промоција на бесплатна правна помош тој кажа дека доколку францускиот предлог не биде прифатен во Собранието и не поминат уставните промени, партијата ќе гради нова стратегија.

– Ние како партија имаме конзистентен став по ова прашање и ќе ги поддржиме, но мислам дека ако не успеат уставните промени, во Македонија ќе се отвори Пандорината кутија. Во тој случај мислам дека ќе се отворат многу проблеми коишто можеби тлеат кај луѓето и кај политичките партии коишто не досега не се кажани, а можеби во наредниот период ќе бидат кажани. А Алијанса за Албанците ако не поминат уставните промени, нормално ќе си има своја стратегија како понатаму ќе продолжиме со нашата стратегија, рече Таравари.

Околу контактите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дали се водат разговори, Таравари потврдно одговори и потенцира дека во ВМРО -ДПМНЕ има членови кои поинаку мислат од раководството.

– Официјално не сме разговарале, но не можам да кријам дека имаме канали на комуникација и со нив, луѓе коишто се членови на ВМРО ДПМНЕ. Знам за неколкумина таму коишто мислат поинаку отколку актуелното раководство, меѓутоа повторно би кажал дека тоа е одлука на партијата, дали некои пратеници би гласале поинаку тоа не и сакал да влегувам во такви шпекулации. Но дека има мислење спротивно од тоа што го кажуваат на прес конференции и јавно, постои дефинитивно во ВМРО ДПМНЕ; меѓутоа, јас мислам дека постојат шанси и целата партија некако, со нови услови, да одлучат поинаку во претстојниот период, се надевам дека ВМРО ДПМНЕ ќе собере сили за да поминат уставните промени, подвлече Таравари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски