Министерот за правда ги испрашува шефовите на Обвинителствата за случајот со модуларната во Тетово

Од:

Министерот за правда Кренар Лога денеска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески разговарале за текот на постапките кои ги водат Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

-Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст( Единица за судска соработка на ЕУ), носење на Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми, информираат од Министерството за правда.

За случајот со модуларната болница во Тетово, утре министерот за правда Кренар Лога ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница?

А1он

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

Обвинителството ја затвори истрагата за изградбата на модуларните болници, немало злоупотреби

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Ислам Абази има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски