ВМРО-ДПМНЕ: Ако посетата на Курти била приватна, тогаш кој му дозволи полициско обезбедување

Од:

СДС се прават дека ништо не знаат, за ништо не се виновни, како да се паднати од Марс и за промената на имињата на улиците од 2021 година, така и за посетата на косовскиот премиер Албин Курти. Едногласно и шверцерски СДС и ДУИ во март 2021 година променија околу 500 имиња на улици, мостови и други објекти во Скопје, меѓу кои и улицата Втора македонска ударна бригада во Адем Демачи велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Без никаква поврзаност со историјата на државата, ниту пак некаква поврзаност со Скопје има Демачи, напротив тој е познат по националистичките сфаќања за туѓи држави. Бидејќи од ДУИ и СДС исто така не знаеле дека во посета на државата доаѓа косовскиот премиер, тогаш кој дал дозвола за негово полициско обезбедување? Дали доколку Албин Курти бил на приватна посета во Македонија му следи целосно обезбедување од МВР. Спасовски да одговори по кој основ и му е доделено полициска заштита во приватна посета и кои ќе ги плати прошците за ангажирање на службени лица од МВР? Немајќи реални проекти за граѓаните, секојдневниот криминал и кражба на државата, ДУИ и СДС го покриваат и дефокусираат со националистичка агенда, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Курти: Косово и Србија мора да ги нормализираат односите

А1он

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он