Два парка и намален број на станбени површини во Лисиче: Општина Аеродром подготви трета верзија на ДУП-от

Од:

Општина Аеродром ја подготви третата верзија на деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, направена по разгледување на барањата на граѓаните доставени во рамки на анкетата за втората верзија од планот.

Уште еден парк, покрај првиот кој веќе беше предвиден и дополнително намалување на бројот на станбен објекти во Лисиче предвидува третата верзија на планот. Со ова граѓаните кои живеат во овој дел на општината ќе имаат два нови паркови, а за 90% намален број на станбени објекти во споредба со првата верзија на деталниот урбанистички план.

Претходно, општината информираше дека во втората верзија се предвидува и намалување на катноста на станбените објекти кои остануваат.

Причината за изготвување на третата верзија од планот е намерата на општината да ги земе предвид сите прифатливи барања на граѓаните и да изготви план кој ќе биде креирам согласно барањата и интересот на жителите на овој дел од општината, истовремено водејќи сметка за хуманата урбанизација и зелените површини.

Од Аеродром велат дека Лисиче ќе биде модерна населба, со нови паркови и зелени површини. Тие додаваат дека целиот процес на носење на планот тече во отворена и транспарентна постапка, а интересот на граѓаните секогаш е во прв план.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Македонскиот јазик, идентитет и достоинството на нашиот народ не се и не можат да бидат точки на преговарачка маса

А1он

Муцунски: Украина е најсериозниот предизвик за европската и евроатлантската безбедност по Студената војна

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

Муцунски: Ако го коментирам Димитров, ќе се постигне неговата цел, да се политизира работата на историската комисија со Бугарија

Катерина Ѓуровски

Потпишана спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина