Седумнаесетгодишно момче загина, а 19-годишна девојка е тешко повредена во несреќа што се случила во забавен парк во близина на градот Безие на југот на Франција, соопшти државниот обвинител Рафаел Баланд.
Забавниот парк во Кап д’Агде, во близина на Безиер, беше затворен утрово, а полицијата ја опколи областа околу него, јави дописникот на АФП.
Отворена е и судска истрага за убиство и ненамерна повреда, а четворица мажи, меѓу кои и управителот на забавниот парк, се приведени во неделата во три часот за да се разјасни што се случило.
– Беше ветровито во текот на ноќта, што е реткост – изјави за AFP градоначалникот на градот, Жил д’Еторе, додавајќи дека силните налети на ветерот можеле да ја предизвикаат несреќата.
Тој додаде и дека до денеска не е донесена општинска уредба за стопирање на работата на овој тип на адреналинска атракција во случај на ветер, бидејќи досега не се разговарало на општинските состаноци.