Нуланд одобрена за помошник државен секретар за Европа

Од:

По неколкумесечен застој, Сенатот вчера го одобри именувањето на на американскиот дипломат Викторија Нуланд за помошник државен секретар за европски прашања, под чија надлежност спаѓаат и односите со Македонија.

Потврдата е по едномесечен застој за Нуланд, која очекуваше да биде именувана во август.

Засега нема информации кој од сенаторите го попречи нејзиното именување.

Нуланд беше критикувана од повеќе републикански сенатори, за нејзиниот однос како портпарол на Стејт департментот за време на нападот врз конзулатот во Бенгази пред една година, кога советувала да се сокријат информации за карактерот на нападот од Конгресот.

Нуланд доаѓа на местото на Филип Гордон, кој замина од Стејт департментот уште во март. Таа беше амбасадор на САД во НАТО во времето на самитот во Букурешт.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски