Драма во Црна Гора: Откажаа сопирачките на „мерцедесот“ на Дритан Абазовиќ, 50 метри пред удолница

Од:

Надлежните утврдуваат зошто во текот на возењето откажаа сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој се возеше премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за локалните медиуми.

Системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред голема удолнина. Инцидентот се случил на 31 јули, а Абазовиќ во тоа време бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, во автомобилот на контролната табла немало никакви предупредувања.

Откако возилото застанало на макадам покрај патот, Абазовиќ влегол во друг автомобил од придружба.

Од МВР велат дека досегашните проверки укажуваат дека се работи за дефект поради староста и значителната километража што ја поминало возилото, но потенцираат дека првиот човек на таа институција и сопартиец на Абазовиќ, Филип Аџиќ иницирал вонреден надзор од страна на Управата за безбедносни надзорни задачи, „за да се утврдат причините и околностите под кои се случил овој настан“.

„Уверени сме од досегашната проверка дека дефектот на возилото е поради староста и големата километража, но и дека претходно немало показатели кои би укажувале дека може да дојде до ваков дефект на споменатото возило“, велат надлежните за црногорските медиуми.

Би можело да ве интересира

Дритан Абазовиќ е нападнат во дискотека во Будва: Обезбедувањето фрли солзавец, настана хаос

Црна Гора покренува вселенска програма: „Знам дека ова ќе предизвика потсмев“

Абазовиќ: Најважно е Ѓукановиќ веќе да не е претседател на Црна Гора

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Абазовиќ за гласањето недоверба на неговата Влада: Балканот е место каде што луѓето сакаат да ги чуваат работите под тепих

А1он

Парламентот на Црна Гора утре ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ, неизвесен е исходот од гласањето