Во мака се познаваат пријателите – вели една стара поговорка.
На семејство од Белград, Србија му се запалил автомобилот додека се враќале од море.
Автомобилот им се запалил среде автопат, а како што објавува сопственичката веднаш на помош им притрчале неколку возила кој минувале во моментот.
Меѓу возилата кој застанале биле Македонци и Грци, кои со здружени сили помогнале да се изгасне автомобилот.
Сопственичката благодарна, оваа информација како и фотографии од опожареното возило објави на популарната група на фејсбук
„ Респект за другарите на автопат. Македонци и Грци се здружија да ни го изгаснат автомобилот кој ни се запали враќајќи се од море“ напиша таа.
Објавата доби над 4 илјади лајка и многу коментари.
Како што добивме информација македонскиот државјанин кој се нашол на местото и им помогнал на семејството, е жител на Богданци.