Екс кошаркарот Милан Гуровиќ спаси човечки живот за време на пожар среде улица

Од:

Милан Гуровиќ, еден од поранешните српски кошаркари спаси живот откако изгасна пожар во автомобил што се запали среде улица.

Вистинската животна драма се одвиваше во близина на голем супермаркет на улицата „Војвоѓанска“ во Нов Белград, кога еден автомобил ненадејно сврте пред возилото во кое се наоѓаше Милан Гуровиќ.

Автомобилот потоа се запали, но возачот не излезе, остана внатре, не можејќи да избега поради паниката.

Гуровиќ излезе од автомобилот и практично го спаси човекот за неколку секунди – додека возилото гореше, го извлече и со тоа му го спаси животот.

Сите што ја гледаа оваа драма тврдеа дека сè можело да заврши трагично, бидејќи секоја секунда била важна.

Единственото нешто што беше поразително е фактот што сите други стоеја таму и ја снимаа оваа ужасна глетка, а никој не дојде да им помогне на човекот и на Гуровиќ во спасувањето.

Гуровиќ потоа го однесе повредениот човек во болница, каде што тој беше примен со изгореници по телото, додека од автомобилот не остана ништо.

Би можело да ве интересира

Јаков Јозиновиќ ги одложи концертите во Белград

А1он

Ја допирал внуката по телото и се обидел да ја бакне в уста – уапсен е 64 годишник

А1он

Момче изгуби свест за време на опасна „игра“ со соученик

А1он

ВИДЕО: Објавена снимка од приведувањето на градоначалникот на Белград Александар Шапиќ

Катерина Ѓуровски

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет