Бугаринот избоден во Скопје: Им благодарам на лекарите што ми го спасија животот

Од:

29-годишниот Драгомир, навивачот на Левски кој беше избоден со нож во Чаир во изјава за бугарските медиуми вели дека им е благодарен на лекарите од болницата „Свети Наум Охридски“ за тоа што му го спасиле животот.

Тој е сместен на одделот за интензивна нега на хирургијата.

Драгомир како што пишува а бугарските медиуми има модринки по главата и лицето. Опериран во пределот на црниот дроб.

Тој изјавил дека се уште е во шок од она што се случило. Вели дека им е благодарен на лекарите кои му го спасиле животот.

Лекарите што го лекуваат Драгомир објаснија дека не е препорачливо да се префрли во болница во Софија пред да се подобри неговата состојба.

Мајката на Драгомир во петокот пристигна во Скопје и е покрај синот.

Очевидци од болницата изјавија дека Драгомир во болница во критична состојба го донеле неговите пријатели. Во итната медицинска помош лекарите го оперирале и му го спасиле животот.

Неговиот напаѓач и е познат на полицијата, но се уште се трага по него.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски