Приведен дилер во Кавадарци, продавал марихуана, кокаин и амфетамин

Од:

Претрес во Кавадарци, пронајдени различни видови дрога, приведен дилер

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишија од слобода Ј.А.(30) од Кавадарци.

Имено, по претходно преземени мерки и активности и врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом во Кавадарци во кој тој престојува, при што беа пронајдени една ќеса и повеќе пакувања со марихуана, пакување со кокаин, пакување со амфетамин, дигитална вага со траги од дрога и поголем износ на пари во различни валути.

Ј.А. е приведен во ОВР Кавадарци и по комплетно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода