Левица: Стефковски да ги обелодени фирмите со кои ќе го гради бетонското чудовиште, пред ние да ја информираме јавноста

Од:

Стефковски да ги обелодени фирмите со кои ќе го гради бетонското чудовиште, пред ние да ја информираме јавноста велат од Левица.

– Вчера на прес-конференција изнесовме информации за планот на градоначалникот Стефковски да ја задуши општината со бетонско чудовиште од 16 згради со по над 10 ката на простор поголем од ИстГејт мол, во близина на трговскиот центар.
Денеска веќе Град Скопје потврди дека овој Детален урбанистички план ЦС 10.03 е доставен до службите на градот, иако градоначалникот вчера лажно го негираше овој злонамерен акт на урбанистички тероризам врз жителите на Гази Баба. Го повикуваме градоначалникот да обзнани кои фирми ќе учестуваат во овој проект, пред ние да ја информираме јавноста за блиските врски помеѓу раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и фирмите кои се предвидени да бидат дел од оваа лукративна зделка, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Левица: Осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор, правдата бавно доаѓа

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како „бесплатно“

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски