Чешката тенисерка Маркета Вондроушова го освои првиот Грен слем трофеј во кариерата откако во финалето на Вимблдон за само еден час и 17 минути ја совлада Тунижанката Онс Жабер со 2:0 (6:4, 6:4).
Првиот сет изобилуваше со брејкови и пресврти, а во клучните моменти подобро се снајде Вондроушова. Со резултат 4:4, 42. на ВТА листата, таа го направи третиот брејк во сетот и подоцна го потврди со сервис и поведе со 1:0.
Вториот сет помина речиси исто како и првиот. Во раната фаза и двете тенисерки направија по два брејка, а потоа при 4:4 Вондроушова повторно направи клучен брејк и потоа послужи за потврда на најголемата победа во кариерата.