Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

Од:

Денеска во судот во Охрид ќе продолжи случајот против Илија Спасески, обвинет за претепувањето на Христијан Пендиков кој треба да го даде првиот исказ во судница откако почна судската разврска во месец март, односно да раскаже што се случило вечерта на 19 јануари.

Последната трета седница по ред беше одложена откако обвинителството во Охрид ги презентираше сите документи за лекувањето на Кристијан Пендиков во Бугарија и за повредите што му беа нанесени.

Овие документи станаа причина случајот да се одложи за денеска бидејќи одбраната на Илија Спасески сакаше да се запознае со нив и да може да се произнесе за случајот. Но, судот не дозволи такво време и одлучи дека ќе го расправа предметот, а потоа адвокатите на Спасески демонстративно ја напуштија судницата и судијата мораше да го одложи предметот.

Се очекува денеска да се слушне и мислењето на лекарите кои веднаш по тепањето го примија Христијан Пендиков на итната помош во Охрид и дадат свои заклучоци за степенот на физичките повреди.

Би можело да ве интересира

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он