Вработен во „Комунална хигиена“ добил ќотек од колегите бидејќи излегол да работи наместо да протестира

Од:

Вработен во јавното претпријатие „Комунална хигиена„ бил претепан од неколкумина колеги доцна синоќа во близина на трговски центар во општина Гази Баба затоа што излегол на терен да работи, наместо да протестира заедно со нив.

Од МВР открија дека инцидентот се случил откако камионите на претпријатието излегоа на терен со полициска асистенции да го собираат ѓубрето низ Скопје. Случајот се расчистува, а едно лице вработено во КХС е уапсено.

„На подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(28) од Скопје, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 околу 23.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С.(37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие“, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици