Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека денеска во дел од центарот на главниот град ќе биде воведен посебен режим сообраќај, а причина за ваквата мерка е официјалната посета на нашата држава на претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.
„Од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај. Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул. Александар Македонски, ул. Беласица, бул. Гоце Делчев, бул. Климент Охридски, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, дел од ул. Франклин Рузвелт и ул. Орце Николов“, информира МВР.
Оттаму од Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.