Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Од:

Основното јавно обвинитство во Скопје отвори истрага против осум лица за кривично дело криумчање, помагање во криумчарење и фалсификување на исправи, кои биле дел од поголема група на луѓе кои криумчареле луксузни возила во вредност од над 500.000 евра.

– Иако е отворена постапка против осум лица, кривичната пријава е за 20 физички лица и едно правно лице. Се работи за криумчарење на луксузни возила чија вредност е околу 500.000 до 600.000 евра. Овие 15 возила, 14 автомобили и еден мотоцикл биле предмет на кривично дело во други европски држави и предмет на меѓународна потрага и потоа се внесувани со криумчарење, а се прават и фалсификати на исправи за нивно легализирање.

Делото се прикривало така што се продаваат неколку пати за пониска цена се додека не се најде вистински купец и се продаде по реална цена – истакна обвинителката Наташа Сарамандова.

Од тие 20 физички лица, за двајца се водела постапка. Пет лица се службени лица вработени во МВР во одделот за управни работи, останатите се физички лица кои веќе имале начин на инкриминирање на овие дејства, а едно е правно лице.

– Во моментов се уапсени 18 лица, две се во бегство. Против осум лица ќе се поднесат предлози за мерка притвор, од кои 6 се веќе обезбедени, а другите двајца се во бегство. За останатите ќе бидеат предложени мерки за претпазливост – додаде Сарамандова.

Би можело да ве интересира

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец