ЕП за „силен и единствен“ одговор во Сирија

Од:

Европскиот парламент побара денеска „јасен, силен и обединет“ меѓународен одговор вклучително и во случај на потреба „мерки за спречување“ на употреба на хемиско оружје од кое во Сирија загинаа неколку стотици луѓе минатиот месец.

Во резолуција н ЕП се вели дека „различни извори укажуваат“ дека сирискиот режим е одговорен за нападот од 21 август крај Дамаск и тоа е „флагрантно кршење на меѓународното право, воено злосторстви и злосторство против човештвото“.

– Меѓународната заедница не може да остане неактивна, истакнуват парламентарците. Тие велат дека употребата на хемиско оружје бара „јасен, силен и единствен одговор без исклучување на евентуални мерки за спречување“ кои во случај на неуспех би можеле да бидат воведени врз основа на „сите инструменти од Повелбата на ОН“. ЕП поздравува предлог за „предавање контрола на меѓународната заедница врз сирискиот арсенал на хемиско оружје заради уништување“.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов