На поранешниот преседавач на Советот на Општина Центар Владимир Здравев му е одреден 30-дневен притвор. Тој е дел од осомничените во истрагата „Феникс“ која денеска ја објави Обвинителството за организиран криминал. Покрај него притвор му е одреден на уште еден осомничен, а еден оди во куќен притвор.
Во Кривичен суд се очекува да бидат спроведени уште неколку од осомничените. Меѓу нив е и поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на синџирот маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ. За него се уште нема одлука.
За седуммина од петнаесетте осомничени Обвинителството бара притвор. Инволвираните се сомничат за злоупотреба на службената должност и за перење пари.