Патот Берово – Делчево затворен за сообраќај, а Берово – Виница е прооден периодично

Од:

Патот Берово – Делчево кај село Смојмирово е затворен за сообраќај поради обилна количина вода кај село Смојмирово по невремето кое го зафати Берово и околината. Информацијата ја потврдија од АМСМ и ЦУК од каде додадоа дека патот Берово-Виница бидејќи се расчистува е прооден периодично.

Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска река опаѓа. Поплавени се земјоделски површини, АМСМ во Берово и повеќе куќи, а по улиците има наноси од песок.

Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на вода во АМСМ и од куќите. На помош се испратени и две екипи на ТППЕ од соседните градови, се вели во информацијата од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Се откопувале гробови, коските се фрлале на градежна депонија

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме