Претседателот на Србија, Александар Вучиќ сепак ќе оди во Брисел, но најави дека нема да разговара со косовскиот премиер Албин Курти.
„Ќе одам во Брисел да разговарам со Борел час, два, 10, немам никаква врска со Курти. Разговорот со него нема никаква смисла. Тој ни држи предавања за филозофија. Се друго се однесува на прогон на Србите и предавања за внатрешно-политички прашања во централна Србија“, рече Вучиќ.
„Започнаа и апсењата на Србите јужно од Ибар. Нивната цел е да ги протераат Србите од цело Косово “, изјави Вучиќ утрово за РТС.