Четири лица, меѓу кои и едно дете, загина, а три други се водат како исчезанти во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија реонот на округот Галац во источниот дел на Романија.
Според романските власти, под вод се над 700 станбени објекти во 17 населени места во Галац, а во многу делови на округот во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.
Од поплавените реони се евакуирани над 500 лица, а има и иноформации за десетици удавени домашни животни.
При поплавите загинале двајца мажи на возраст од 62 и 85 години, една 74-годипна жена и едно осумгодишно дете.
Во поплавените реони се испратени припадници на службата за вонредни состојби, како и полициајци и војници, кои им помагаат на настраданите.