Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде погребан со државни почести, а oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала во среда од 14 часот.
Ова денеска го изјави портпаролот на Католичката црква во Милано, а пренесе Ројтерс.
Според агенцијата АНСА, неговото тело ќе биде префрлено во неговата вила Сан Мартино во Аркоро, северно од Милано.
Берлускони почина денеска во миланската болница „Сан Рафаеле“ на 87-годишна возраст, откако пред три дена беше хоспитализиран поради однапред закажан преглед поврзан со хронична леукемија.