Ибраимовски: Министерот за образование си игра мајтап со сиромашните родители!

Од:

Зошто си играте со сиромашните родители? Откaко ги купија сите потребни школски материјали вие им нудите бесплатни – праша револтирано пратеникот Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите во своето јавно обраќање до министерот за образование Спиро Ристовски.

– Откако започна школската година и граѓаните купија работни материјали и друг школски прибор се јави министерот за образование, Спиро Ристовски, тв- медиумската личност, дека Владата обезбедила бесплатни работни тетратки и школски прибор. Истото го направивте и претходната година со социјалците, ветувајќи дека ќе им давате 20 отсто поевтин огревен материјал во услови кога социјалците веќе ги обезбедиле истите. Но, во ниедна шумска установа или магацин немаше дрва. Ова се тие популистички мерки со кои го манипулирате сопствениот народ. Прочитани се вашите популистички мерки. После свадба тапани не поминуваат, а на вашата лага крајот и се гледа – вели пратеникот Ибраимовски.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово

А1он

(ВИДЕО) Коалицијата „Храбро за Македонија“ до ДИК ги поднесе листите за кандидати за пратеници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

A1on

Министерот без ресор Ахмедовски два часа го чекал кумановскиот градоначалник на средба, а тој не се појавил

Наум Локоски

Ибраимовски ја напушта министерската функција, ќе биде пратеник

Ана Ололовска

Ибраимовски: Додека Бајрам се смееше на бината, негов сопартиец мртов лежеше на асфалтот

Емир Латифовиќ