Американецот од Флорида, Џордан Ривера (23) доцна синоќа бил во бар во Порт Шарлот и видел долга редица пред машкиот тоалет. Наместо да чека, Ривиера решила да излезе надвор и да се олесни во природа.
„Видов езерце, мислев да одам таму и да мокрам, зошто да не? Нешто се случи, или се сопнав или… некако завршив во вода. Тоа е последното нешто што се сеќавам“, изјави младиот човек за филијалата на ABC News WZVN.
За жал, во езерцето каде што се нашол Ривера имало алигатор.
Ривиера не се сеќава што се случило потоа и како завршил во локалната болница, но кога се разбудил му недостасувала десната рака.
Претставниците на FWC, како и полицијата на округот Шарлот рано утринава одговориле на повикот дека еден човек претрпел „сериозни повреди“ откако бил каснат од алигатор.