(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Од:

Историчарот и поранешен директор на Музејот на македонската борба, Бранислав Светозаревиќ имаше интервју со бугарските новинари кои го посетија Пустец во Албанија. Дебата се претвори во жестока дискусија за историјата и потеклото на македонскиот народ, а Светозаревиќ им одржа лекција по историја на новинарите од Софија.

– Каков шовинизам е тоа, во 21-от век Бугарите не признаваат цел народ, а Бугарската академија на науките во документ запиша дека во Македонија имало 1,4 милиони Бугари. Зошто 300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав?. Дали знаете дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци само во Пиринска Македонија. Дали во вашите учебници учите дека постои македонски народ, праша професорот.

Светозаревиќ рече дека кога Бугарија ќе ја признае реалноста дека постои македонски народ како етнос, тогаш Бугарите ќе го добијат најголемиот пријател.

– Мора да сфатите дека постоиме и има над три милиони Македонци во светот. Во дипломатијата е јасен реципроцитетот – се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија. Вашиот јазик е современ бугарски, но неколкупати го менувавте правописот и додадовте руски зборови. Вие зборувате македонски со руски зборови – им рече Светозаревиќ.

Новинарите и луѓето од фондацијата „Македонија“ веќе неколку дена се во Пустец каде што се делат енциклопедии на бугарски јазик.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Ана Ололовска

Стојанов од Фондација „Македонија“: Луѓе блиски до власта добиваат бугарско државјанство во моментов

А1он