Стојанов од Фондација „Македонија“: Луѓе блиски до власта добиваат бугарско државјанство во моментов

Од:

Првиот човек на Фондацијата „Македонија“ од Бугарија, Виктор Стојанов, во интервју за „Еуроњуз Бугарија“ истакна дека списоците со лица кои имаат забрана за влез во Македонија постојат и дека тој е на еден од нив, а усно му било кажано дека ќе може да влезе на 1 август.

– Аргументите што државното раководство на Северна Македонија ги изнесе следниот ден откако не го пуштија Андреј Ковачев се дека тој не ги признава европскиот јазик и култура. Морам да кажам дека први во светот ја признавме македонската држава. Тврдењето дека не го признаваме нивниот јазик не е пријателско однесување. Има списоци за забрана за прием на Бугари во Македонија, а ни тоа не е пријателско однесување. Се трудиме со нашите акции да ја поддржиме ЕУ интеграцијата на РСМ и ова го добиваме како благодарност.
И јас сум на овие списоци за забрана. Усно ми кажаа до 1 август, но претпоставувам дека ќе биде подолго од тоа. Ова го дознав на 31 јули минатата година. Има наредба од централно ниво, само тоа видов, други документи немаше – рече Стојанов.

Бугарија веќе ги алармирала европските институции за овие списоци.

– Не знам колку Бугари има во нив, но очигледно не се малку. И се уште се луѓе кои се активни во зближувањето на двата народа. Нивното обвинителство покренува обвиненија и против истите тие граѓани кои сакаат да ги зближат двата народа. Европската комисија, исто така, забележува сериозни несовпаѓања меѓу правото на ЕУ и законот во PCМ – истакна тој.

Стојанов смета дека сериозен проблем е законската регулатива за стекнува со бугарско државјанство со која сега само луѓе блиски до власта во времето на Југославија добиваат документи.

– Проблем има и со нашата законска регулатива за стекнување бугарско државјанство. Сега од нив се бара да имаат стар, оригинален документ кој докажува бугарско потекло. Повеќето од нив беа избришани за да не бидат убиени нивните роднини во Југославија. Има само луѓе кои биле блиски до власта во Југославија. И во моментов само тие добиваат бугарско државјанство, а учеле да не ја сакаат Бугарија. Токму поради оваа причина, според мене, законот треба да се смени.

Бугарската политика мора да биде целосно проактивна кон РСМ. Мора да бараме начин да му помогнеме на тој дел од општеството таму, без разлика дали се Бугари или Македонци, кои сакаат пријателство со Бугарија и евроинтеграции – додава Стојанов.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Закана на Стојанов до Македонците од Пустец: Пишете се Бугари или ќе ви ги одземеме бугарските пасоши

Горан Наумовски

Бугарија ќе ги објавува сите што ќе добијат бугарско државјанство

А1он

Прв бугарски фудбалски тим во Македонија после 80 години: “Купивме клуб, името не го кажуваме да не го избркаат од Трета лига“

Орце Костов

Бугарска фондација отвора пет медиуми: „Македонски новинари ќе пишуваат објективни политички вести“

Орце Костов