Бугарија ќе ги објавува сите што ќе добијат бугарско државјанство

Од:

Пратениците во бугарскиот парламент на прво гласање усвоија три предлог-закони за измени на Законот за бугарско државјанство.

Помеѓу измените е и дека лицата кои добиле бугарско државјанство ќе го добиваат документот на официјална церемонија, а одлуката ќе биде објавена во „Државен весник“, јавува БГНЕС.

Првиот предлог-закон го поднесе Радомир Чолаков и со него се предлага сите декрети за доделување, враќање, ослободување или одземање на бугарското државјанство да бидат објавени во „Државен весник“, со што ќе се даде можност за информирање на јавноста. Планирано е лицата кои се стекнале со бугарско државјанство уверенијата да ги добијат на посебна официјална церемонија.

Вториот предлог-закон е од Костадин Костадинов и група народни претставници и со него се воведуваат дополнители услови за стекнувањето бугарско државјанство преку натурализација. Со предлог-законот се предлага да се воведе услов за чисто криминално досие на барателот за бугарско државјанство не само во Република Бугарија, туку и во неговата земја на потекло, односно во земјата на живеење. Се предлага да се скрати рокот за поднесување документи за ослободување од друго државјанство, како и да се стандардизираат условите за стекнување бугарско државјанство при склучување брак со бугарски државјанин, со воведување на услов за тригодишен период на вонбрачна заедница, како и доколку има докази дека бракот е фиктивен да се одземе бугарското државјанство.

Предвидено е да се отфрли условот дека роднината во нагорна линија со бугарско потекло починал како бугарски државјанин при поднесување барање за бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло.

Познавањето на бугарскиот јазик се воведува како задолжителен услов за сите случаи на натурализација и се наведува можноста за добивање бугарско државјанство во случај на интерес во Република Бугарија или кога лицето има посебни заслуги кон тоа.Се предлага откажувањето од бугарско државјанство да биде дозволено само доколку лицето ги отплатило сите свои јавни обврски кон Република Бугарија и се воведе услов барателот за бугарско државјанство со натурализација да ги исполнува законските услови во моментот на издавање на указот за бугарско државјанство.

Третиот предлог закон е поднесен од Николај Алгафари и група народни претставници и со него се создава можност за стекнување бугарско државјанство со натурализација, кога лицето поднело барање за ослободување од претходното државјанство, но не е можно да се ослободи од причини за кои не одговара. Подносителите на барањето прецизираат дека се работи за лица кои во принцип имаат право да добијат бугарско државјанство, но потребно е да се ослободат од другото државјанство што го имаат.

Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, кој е познат по своите антимакедонски ставови, на својот фејсбук-профил веднаш ја поздрави оваа одлука на бугарските парламентарци.

„Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен.Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од омразата, говорот и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Оние кои се ‘принудени’ да се претворат во јавни бугаромразичи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа.Очекувам, по второто читање, брзо усвојување на измените на законот“, напиша Ковачев.

Би можело да ве интересира

Објавена меѓународната рамка за регулирање на вештачката интелигенција

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

Изгласан законот за нефер трговски практики: Рабатот кај земјоделските производи ќе биде 10 отсто

Орце Костов

Кривична пријава потив прилепчанец за фалсификување патна исправа

ДИК бара да може да се гласа со документи без „Северна“

Александар Тодески

Му „пукнал филмот“ додека чекал за пасош – жител на Табановце нападнал вработен во пасошко во Куманово

Анита Петровска Рајковиќ